consult - онтологија

допраша повеќе

допрашаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се допраша) Се распраша, се договори, побара совет или мислење од некого.
Албански: kërkoj këshill
Примери:
Потрчаа да се допрашаат до пријатели.

консултира повеќе

консултираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изврши, врши консултација.
Албански: konsultoj
(се консултира) Побара, бара специјализирана помош за нешто важно, праша, прашува; се посоветува.
Албански: konsultohem
Примери:
За судската покана се консултираше со адвокатот.

посоветува повеќе

посоветуваат
Вид збор: Глагол, свршен
(се посоветува) Побара совет од некого, се советуваат еден со друг.
Албански: këshillohem, konsulltohem
Примери:
Насамо ќе се посоветуваат со стариот пријател и ќе го моли за помош.

праша повеќе

прашаат
Вид збор: Глагол, свршен
Консултира некого, побара, слушне нечие мислење, совет и сл.
Примери:
Таа го праша професорот за совет.
(се праша) се посоветува
Примери:
Оди прашај се на лекар.

советува повеќе

советуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се советува) Бара совет од некого.
Албански: këshilloj, konsultoj
Примери:
Се советуваше со правник.
(се советува) Разгледува нешто заедно со некого, разменува мислења.
Албански: konsultoj, këshilloj
Примери:
Се советуваа како да ја унапредат службата.